Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски вели дека во изминатите неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ прави деструкција на Собранието. Тоа како што вели оди на штета на граѓаните и државата. Како што вели тој, Христијан Мицкоски, заедно со неколку негови поддржувчи со месеци ги тормозеа граѓаните со фатаморганата дека станува премиер. Додава дека со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа.

Костовски воедно додава дека без да се меша во внатрешните работи на оваа партија, порачува дека лагите за некакво мнозинство се  токму поради внатрепартиските конфликти и превирања. Поради тоа како што вели, проблемите во партијата не треба да ги трпат граѓаните.

Без никаква намера да се мешаме во внатрешните состојби во опозицијата, можеме само да констатираме дека се потврди и докажа дека упорните лаги на Мицкоски за некакво ново мнозинство и пад на актуелната Влада се фатаморгана, наменета исклучиво за внатрешно партиски потреби во борбата за превласт во „Белата палата“. Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот. Внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ не треба се прекршуваат врз грбот на граѓаните, вели Костовски.