ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, од 8:00 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „.Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршување на интервенцијата

Текстот Утре без вода делови од Скопје е превземен од МАКФАКС.