На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол.
Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија.
Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Текстот На скопскиот аеродром уапсен жител на Словачка, бил баран со меѓународна потерница на Интерпол е превземен од МАКФАКС.




















