Каја Гербер, ќерка на познатата манекенка Синди Крафорд, работи напорно на промоција на серијата „The Shards“. Досега ни покажа неколку модни изданија кои зрачат со чиста елеганција, а некои дури и со сексапил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Сега се појави на уште една премиера на серијата во Берлин, а за оваа пригода донесе монохроматско издание на брендот Прада.

Станува збор за јасно дефинирана креација од сатен во бела боја која ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината зачудувачка фигура. Комбинацијата се состои од топ со отворен грб и макси здолниште кое ја нагласуваше нејзината манекенска градба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Изданието го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а кога станува збор за нејзината фризура – се одлучи за едноставна, брановидна фризура која паѓаше по грбот. Без сомнение, таа е навистина слика и прилика на нејзината позната мајка!

Текстот (Фото) Се гледа дека ги наследила најдобрите физички карактеристики од нејзината позната мајка е превземен од МАКФАКС.