Поранешната свршеница на кошаркарот Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, го повлече своето барање за утврдување алиментација за нивните две деца. Ова дојде откако кошаркарот претходно побара постапката да биде прекината бидејќи верува дека судот во Калифорнија нема надлежност над случајот, објавува TMZ.

Во понеделник, Голтес поднесе барање за повлекување на тужбата во суд во Лос Анџелес, наведувајќи дека сака да го реши спорот по договор.

„Го повлекувам моето барање за алиментација со изрична намера да го решам ова прашање мирно и со меѓусебен договор, што е во најдобар интерес на нашите деца“, се наведува во судскиот поднесок.

Нејзината одлука следеше откако и Дончиќ побара прекин на постапката. Неговите адвокати тврдеа дека судот во Калифорнија нема надлежност бидејќи децата живеат во Словенија.

Тие, исто така, наведоа во поднесокот дека Дончиќ сакал Анамарија да се пресели во Калифорнија со децата, но таа одбила. Според нивните тврдења, таа живее во Словенија со децата од мај оваа година.

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес ја раскинаа свршувачката по десет години врска. Една од причините за раскинувањето е живеење на различни континенти. Поранешната двојка има две деца – двегодишната ќерка Габриела и седуммесечната Оливија.

Текстот Поранешната свршеница на Лука Дончиќ се откажа од тужбата за алиментација е превземен од МАКФАКС.