Во Франција од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а полицијата привела 402 лица поради сомнеж дека намерно подметнале пожар или предизвикале пожар од невнимание, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, пренесува „БФМТВ“.

Според Нунез, меѓу приведените има 156 малолетници, додека за 36 лица е одреден истражен притвор.

Во меѓувреме, пожарите во департманите Жиронд и Од се ставени под контрола, додека во департманот Вар пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија, која трае веќе 15 дена и е најдолгиот регистриран пожар во оваа област.

Во гаснењето се ангажирани 1.250 пожарникари, поддржани од два канадери и два хеликоптери. Во Жиронд, степенот на опасност од пожари е намален од црвено на портокалово ниво.

Текстот Повеќе од 400 уапсени во Франција поради пожарите е превземен од МАКФАКС.