Италија од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови, соопшти Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“.

Црвениот аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории.

Локалните власти им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат престој на сонце и изложување на високи температури од 11 до 18 часот, да остануваат во затворени простории кога е можно и да внесуваат доволно течности.

Во делови од Италија температурите веќе достигнуваат до 40 Целзиусови степени, а според метеоролозите, значително разладување не се очекува пред викендот. Причина за топлотниот бран е засилен северноафрикански антициклон што се проширил над поголем дел од Европа.

Текстот Италија под црвен аларм поради топлотниот бран е превземен од МАКФАКС.