Вчера во полиција било пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во село Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје.

Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Пукале на семејна прослава во Сарај, полицијата пронашла 23 испукани чаури е превземен од МАКФАКС.