Полицијата приведе 52-годишен жител на Струга поради инцидент што се случил за време на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во селото Ташмаруништа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Г. (52) бил лишен од слобода вчера во 14:15 часот, по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, по што упатувал вербални навреди кон јавни личности присутни на настанот.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Приведен 52-годишен стружанец поради инцидент на прославата за 2 Август е превземен од МАКФАКС.





















