Полициски службеник од Ресен е приведен откако бил пријавен дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, и нејзиниот малолетен син.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било лишено од слобода денеска во 4 часот во Стар Дојран од полициски службеници на СВР Струмица – ОВР Гевгелија.
Според пријавата, нападите се случиле на 1 и 2 август во Стар Дојран.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Текстот Приведен полицаец осомничен дека во Стар Дојран нападнал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син е превземен од МАКФАКС.






















