Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, осомничени за предизвикување општа опасност.
Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со што ги довеле во опасност животите на поголем број присутни.
По кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.
Од Обвинителството посочуваат дека постои опасност од бегство, а еден од осомничените, покрај македонско, поседува и словенечко државјанство.
Текстот Пукале со три пиштоли и пушка на свадба, Обвинителството бара притвор за четворица е превземен од МАКФАКС.






















