Нашата популарна водителка Лила Филиповска која ги забавува гледачите пред малите екрани повеќе од дваесет години, стана една од најпознатите телевизиски лица.

Филиповска веќе десет сезони е домаќин на квизот „Сè или нешто“, но покрај нејзините објави
на социјалните мрежи, познатата водителка ретко дава интервјуа или гостува во ток-шоуа.

Но, овојпат Лила реши да направи отстапка и гостуваше во утринското шоу „Магазин“ на Сител телевизија. Во разговор со Јелена, Филиповска раскажа интересни детали од нејзиниот приватен живот, патувањата, нејзиниот син Филип, мачорот Рангар…

facebook
Принтскрин / Facebook

Не знам дали повеќе сум навикната јас да поставувам прашања, не сакам многу да ме прашуваат и новинарите тоа го научија па веќе не ме ни прашуваат… Одбивам да давам интервјуа, сметам дека доволно ме има секој ден на телевизија и не сакам да се појавувам било каде…“, го почна разговорот Лила.

Филиповска секако, прооговори и за „мистериозниот банкар“ од нејзиниот квиз „Сè или нешто“, но како што вели таа ако открие за кој станува збор, ќе исчезне целата мистерија околу него и не би било интересно. Но, сепак кажа дека станува збор за вистински, а не измислен лик…

Екипата на „Магазин“ ѝ приреди интересно изненадување на Лила. Тие прашаа дел од граѓаните што мислат за познатата водителка, дали го гледаат нејзиниот квиз на телевизија и слично. Имаше секакви коментари, но како што вели Филиповска, воопшто не е изненадена и се радува што има и позитивни и негативни коментари.

Секогаш се трудам да бидам позитивна, но како секој жив човек, и јас имам и лоши денови и јас сум подложна на болести и на здравствени проблеми, меѓутоа тоа што не го кажувам јавно не значи дека сум максимално здрава. Навистина имав еден период кога не ми беше добро, бев болна… Сега сум добра, но ништо не може да биде совршено, веќе нема правила, секој има некаков проблем… А луѓето од тебе очекуваат секогаш да си насмеан и расположен“, вели Филиповска.

Facebook
Facebook

Лила вели дека пандемијата навистина ѝ ги скратила крилјата, кога станува збор за патувањата. Но, откри дека сепак успеала да прошета и раскажа за посетата на Кападокија, а откри и кои се следните дестинации кои би сакала да ги посети.

„Би сакала да го видам Токио, Јапонија, дел од нивната традиција која навистина ме фасцинира… Но, прво што би сакала е повторно да ја посетам Италија, или да отидам во Шведска кај сестра ми, инаку во последно време моја фасцинација ми стана Јапонија“, откри Лила.