Американскиот актер Вуди Харелсон е добитник на Почесното Срце на 32. Сараевскиот филмски фестивал, како признание за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност и долгогодишната актерска кариера.

„Вуди Харелсон е еден од оние актери на кои им верувате и во најневеројатните улоги. Неговиот талент, харизма и храброст се пример за идните генерации. Чест ни е што можеме да му го доделиме Почесното Срце на Сараево“, изјави директорот на фестивалот, Јован Марјановиќ.

Во рамките на фестивалот ќе биде прикажан и филмот „Добредојдовте во Сараево“ (1997), во кој Харелсон игра една од главните улоги.

Сараевски филмски фестивал ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година. Дури три филма ќе има Македонија годинава во натпреварувачката програма. Во конкуренција за наградите ќе се натпревуруваат „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума, „17“ на Косара Митиќ, како и малцинската копродукција „Срам и пари“ на Висар Морина, копродукција помеѓу Германија, Косово, Словенија, Албанија, Македонија и Белгија. Македонски продуцент на овој филм е Марија Димитрова од „Лист продукција“.

Во документарната програма во официјална селекција ќе биде прикажан филмот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски – инспириран од жртвите и хероите на Кочани, а актерката Сара Климоска ќе биде член на жирито во главната програма.

Текстот Вуди Харелсон ќе го добие Почесното Срце на 32. Сараевски филмски фестивал е превземен од МАКФАКС.