Аријана Гранде ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine, потврди нејзиниот портпарол за списанието People.

Според него, пејачката решила да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“ и критиките на сметка на нејзиниот изглед.

Воедно, Гранде се откажала и од планираното деби на лондонскиот Вест Енд, каде следното лето требаше да настапи во мјузиклот Sunday in the Park with George.

Во последните денови повторно се засилија коментарите за нејзината тежина, откако беше објавен спотот за песната Petal. Дел од обожавателите изразија загриженост за нејзиното здравје, додека извор близок до пејачката изјави дека таа е „здрава, во одлична кондиција и секоја вечер настапува на највисоко ниво“.

Гранде и претходно апелираше луѓето да престанат да коментираат туѓи тела, оценувајќи дека таквите забелешки можат да бидат штетни и опасни.

Текстот Аријана Гранде се повлекува од јавниот живот поради коментарите за нејзиниот изглед е превземен од МАКФАКС.