Шпанија одлучи да испрати војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти впливаа на територијата од Мароко.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија објави дека вооружените сили ќе обезбедат поддршка на Цивилната гарда во одржувањето на безбедноста во Сеута, откако локалните власти побараа итна помош од Мадрид поради преоптоварените прифатни центри и толпите на граничните контроли, пишува Би-Би-Си.
INSANE FOOTAGE: Thousands of migrants continue crossing from Morocco into Spain’s Ceuta enclave, as local officials reportedly urge Madrid to declare a national emergency. pic.twitter.com/dlbbKOjBV1
— Breaking911 (@Breaking911) July 30, 2026
Шпанските медиуми проценуваат дека помеѓу 2.000 и 3.000 луѓе влегле во Сеута во четвртокот, но Цивилната гарда официјално не ја потврди таа бројка.
Многумина се спуштија по бетонските насипи и влегоа во морето за да го препливаат делот околу границата со Мароко.
Врховниот суд на Шпанија претходно овој месец пресуди дека мигрантите пресретнати на море додека се обидуваат да допливаат до Сеута или Мелиља не можат веднаш да бидат вратени во Мароко без соодветна постапка.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ја најави својата посета на Сеута и рече дека владата ќе се обиде веднаш да ја нормализира ситуацијата.
Кризата предизвика и политички спор меѓу Шпанија и Италија. Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека разгледува итни мерки, вклучително и повторно воведување на гранични контроли во Шпанија, додека шпанскиот министер за надворешни работи, ги обвини италијанските власти дека ја користат миграцијата за политички цели.
Текстот (Видео) Шпанија испраќа војска во Сеута по масовниот прилив на мигранти е превземен од МАКФАКС.
















