Дваесет и петгодишната Михал Посен од Лондон веќе две години живее во Кумамото, каде што работи како наставничка по англиски јазик.
„Земјотресот се случи додека бев дома. Телевизорот падна врз мене, огледалото се скрши, а патиштата околу мене се оштетени“, изјави таа за BBC.
Додека последователните потреси постојано продолжуваат, таа подготвува торби за евакуација.
Вели дека жителите се особено загрижени бидејќи Кумамото пред десет години беше погоден од разорен земјотрес.
„Во продавниците веќе нема вода ниту храна“, рече таа.
Текстот Телевизорот падна врз мене, огледалото се скрши, патиштата се оштетени, сведочи жена по разорниот земјотрес во Јапонија е превземен од МАКФАКС.















