Во селото Ињево, радовишко, полицијата вчера го упасил 70-годишниот Н.С., жител на селото оти вчераутро зпалил оган во дворот ој се проширил кај соседите.

„Според пријавеното, тој околу 10:30 часот во неговото дворно место запалил отпад и предизвикал пожар кој се проширил и во дворното место на соседната куќа, сопственост на М.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“ соопшти полицијата.

70 – годишникот е задржан во полиција, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Текстот Запалил оган во својот двор, но предизвикал пожар кај соседите, уапсен 70-годишник е превземен од МАКФАКС.