Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции.

Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, Дебар Маало и Буњаковец, каде што екипите интервенираат на повеќе локации. На терен се ангажирани мобилни служби, кои работат на брзо отстранување на последиците и обезбедување на проодноста на улиците и јавните површини“, се истакнува во соопштението.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека општината реагира координирано и без одлагање.

„Работиме интензивно и сите сме ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме, “ истакна Герасимовски.

Во акцијата се приклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа во расчистувањето на критичните точки, со што дополнително придонесоа за побрзо нормализирање на состојбата. Општина Центар упатува благодарност за солидарноста и апелира граѓаните да бидат внимателни додека траат интервенциите.

Отворени и телефони за граѓаните:

075 219068 / 076 350767

Текстот Герасимовски: Службите мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии е превземен од МАКФАКС.