Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.

Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго.

“Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на:

1. Водата што се користи за наводнување,

2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и

3. Почвата.

Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување.

Оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри“.

Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е, додаваат од таму, брзо дејствување од сите локални и државни институции.

Одговорност, како што велат, мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба.

Текстот Епидемиолошката состојба во Гостивар е резултат на партизацијата и јавашлукот на неспособните партиски кадри, велат од Демократскиот сојуз е превземен од МАКФАКС.