Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието кон себе на прославата на титулата светски шампион.
Откако на шпанскиот претставник Родриго (Родриго Ернандез Касканте) му беше врачен трофејот, се очекуваше Трамп, заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од сцената и да им го препушти подиумот на новите светски шампиони.
Иако и Родри и Инфантино се обидоа да го „отстранат“ Трамп, тој сепак одлучи да остане на сцената и да застане рамо до рамо со шпанските фудбалери.
O zagueiro Romero, da Argentina, simplesmente se RECUSOU a cumprimentar Donald Trump kkkkkkk
O cara foi absurdamente vaiado pelo estádio e ainda ignorado por jogador, não sobrou nada!!! pic.twitter.com/qPQjFPhXMI
— Análise Política (@analise2025) July 20, 2026
Додека Родри го креваше пехарот со спектакл и конфети, американскиот претседател аплаудираше подеднакво со Шпанците, директно во рамките на нивната историска прослава. Дури потоа се повлече и им остави на победниците да продолжат со прославата, објавува францускиот Л’Екип.
Оваа сцена многумина ги потсети на финалето на минатогодишното Светско клупско првенство. Трамп го стори истото и тогаш – тој остана на подиумот додека играчите на Челзи го креваа трофејот, што исто така предизвика бурни реакции од јавноста.
Фото: ЕПА
Текстот (Видео) Трамп не се симна од сцената: Родри и Инфантино се обидоа да го отстранат, тој остана за време на подигнувањето на трофејот е превземен од МАКФАКС.















