Лондонската премиера на филмот „Одисеја“ ги собра познатите холивудски имиња, меѓу кои и Роберт Патинсон, кој се најде во главната улога и во филмот и на црвениот тепих.
Ѕвездата на филмската серија „Самрак“, актерот Роберт Патинсон, привлече големо внимание со своето појавување на црвениот тепих за премиерата на филмот „Одисеја“ во Лондон, во кој глуми покрај Ен Хатавеј, која блесна во едно од најелегантните изданија, Мет Дејмон и Том Холанд, а за кој се предвидува дека ќе биде меѓу најголемите хитови на ова лето.
Патинсон се појави во елегантен сив костум од модната куќа Диор, кој на прв поглед изгледа едноставен и „обичен“, но всушност неговата моќ лежи во деталите од кои е направен.
Станува збор за порелаксиран крој, што му дава помодерен карактер, а вратоврската од истата модна куќа привлече посебно внимание, со препознатливиот монограм дискретно врежан под врзувањето. Тој го комбинираше костумот со класична бела кошула и црни чевли, па многумина на прв поглед би рекле дека не бил многу креативен. Сепак, понекогаш не ви се потребни никакви впечатливи и шарени детали за да привлечете внимание, а Роберт Патинсон го докажа тоа со овој избор.
Заедно со елегантното одело, тој носеше очила за сонце, скап елегантен часовник Jaeger-LeCoultre што можеше да се види под ракавот, а се чини дека за оваа пригода ја променил и фризурата, па косата му беше уредно исчешлана назад со прамен што му паѓаше преку челото.
Текстот (Фото/Видео) Поранешниот миленик на тинејџерките привлече внимание во скапо издание е превземен од МАКФАКС.















