Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува во Соединетите Американски Држави во сабота, објави „Jerusalem Post“. Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморацијата за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот.

Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари.

За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.

Текстот Нетанјаху патува во САД, сака да се сретне со Трамп е превземен од МАКФАКС.