Триесетгодишен маж со 30 убоди го усмртил сопствениот татко. Против него е отворена истрага за кривично дело убиство.

„Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Текстот Со 30 убоди со нож, син го усмрти сопствениот татко во Скопје е превземен од МАКФАКС.