Двете деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара (21) и Мадокс (24), објавија огласи во весници како дел од правниот процес за отстранување на презимето на нивниот татко. Судските документи потврдуваат дека тие исполниле уште еден законски услов пред рочиштето за одлучување по нивните барања за промена на името.
Според судските документи добиени од Page Six, Захара и Мадокс објавувале огласи во Los Angeles Daily Journal еднаш неделно во текот на четири последователни недели. Ова е задолжителен чекор во Калифорнија за секој што сака официјално да го промени своето име.
Во известувањата се наведува дека тие поднеле барање до судот за промена на презимето. Во известувањето на Захара пишува: „Подносителката на барањето Захара Марли Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на нејзиното име од Захара Марли Џоли-Пит во Захара Марли Џоли.“
Слично известување беше објавено и за Мадокс: „Подносителот на барањето Мадокс Чиван Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на неговото име од Мадокс Чиван Џоли-Пит во Мадокс Чиван Џоли.“
Огласот на Захара беше објавен на 16, 23 и 30 јуни и 7 јули, додека оној на Мадокс на 10, 17 и 24 јуни и 1 јули. Во известувањата се повикуваат заинтересираните страни да присуствуваат на сослушувањата, кои се закажани за 14 септември за Мадокс и 28 септември за Захара.
Нивниот потег го продолжува трендот кај децата на поранешната холивудска двојка. Во мај беше објавено дека Медокс поднел барање за официјална промена на името, а еден месец подоцна, Захара го стори истото.
Нивната сестра Шајло (20) официјално го промени презимето во 2024 година, додека најмладата Вивиен (17) е наведена како Вивиен Џоли на списокот на соработници на бродвејскиот мјузикл „Аутсајдерите“, на кој работеше со нејзината мајка.
Фото: ЕПА
Медиумите напишаа во 2021 година дека Медокс повеќе не го користи презимето Пит во неофицијалните документи. Тој беше потпишан и како Медокс Џоли во завршната одјавница од филмот на неговата мајка „Кутур“, на кој работеше како помошник режисер.
Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа во 2003 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, а ја потврдија својата врска во 2005 година, по разводот на Пит од Џенифер Анистон.
Тие се венчаа во 2014 година, но две години подоцна Џоли поднесе барање за развод, обвинувајќи го Пит за насилно однесување. Нивниот развод официјално беше финализиран во декември 2024 година.
Поранешната двојка има шест деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (21), Шајло (20) и близнаците Нокс и Вивиен (17).
фото/Depositphotos
Текстот Децата на Бред Пит преку весници се откажуваат од неговото презиме, откриени се детали е превземен од МАКФАКС.
















