Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска.

Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се во врска 25 години, според извештаите на странските медиуми, но се чини дека вљубените дури сега биле подготвени да се венчаат.

Тие се венчаа во Торино, Италија, а фотографиите од овој голем настан се проширија низ интернет.

53-годишната невеста блескаше во бохо венчаница од француската куќа Ланвин. Својот стил го надополни со високи потпетици со машна, а кога стануваше збор за фризурата, се одлучи за класична пунџа што ја нагласуваше нејзината убавина.

Што се однесува до младоженецот, тој избра класично црно одело надополнето со сива вратоврска.

Текстот (Фото/Видео) Убавицата од 90-тите се омажи на 54 години: По 25 години врска, конечно кажа „да“ е превземен од МАКФАКС.