Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 31-годишниот Б.Џ. од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје.
Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.
По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен 31-годишен скопјанец, со нож го убил својот татко е превземен од МАКФАКС.



















