Тројца жители на Скопје се лишени од слобода по сомнение дека извршиле кражба во продажен објект во Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти полицијата, на 11 јули во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.
Претходно, 39-годишна велешанка, вработена во објектот, пријавила дека забележала две лица како излегуваат со поголема количина стока. Кога се упатила кон нив, тие побегнале и се качиле во патничко возило, по што го напуштиле местото.
Пријавителката утврдила дека од објектот биле одземени повеќе предмети.
По преземените мерки, полициски службеници од СВР Велес го запреле патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., во кое се наоѓале и М.Х. и Б.Ј.
При прегледот во возилото биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот.
Тројцата биле приведени во полициска станица, бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Текстот Тројца скопјани уапсени по кражба во продажен објект во Велес, украдената роба вратена е превземен од МАКФАКС.













