Шест лица учествувале во физичка пресметка на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно случена сообраќајна незгода.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, скопско, од друга страна.

Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.