43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според полицијата, го симнал знамето на Општина Прилеп и го запалил.

Од МВР информираат дека на 11 јуни во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) пред општинската зграда во Прилеп.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме е превземен од МАКФАКС.