Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи.

„Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Текстот МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит е превземен од МАКФАКС.