Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка.

Тој се сомничи за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик.

Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија.

Текстот (Видео) Полицаец пукал со огнено оружје на семејна прослава е превземен од МАКФАКС.