Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар.

„Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година“, појаснуваат од МВР.

Повикот за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште „7-ми Мај“ беше објавен на 2 јули.

Текстот Учениците кои ќе аплицираат во Средното полициско училиште, не треба да се отпишуваат од училиштата е превземен од МАКФАКС.