Поминуваме многу време во кујната, и покрај секојдневното чистење, кујнските елементи постојано собираат нечистотија, отпечатоци од прсти и дамки од храна. Сепак, постои решение.

Не мора да купувате скапи хемикалии, туку пронајдете спас во кујната и направете го своето средство за чистење.

За да ги отстраните дамките од маснотии од кујнските елементи, ќе ви требаат само сода бикарбона и сок од лимон. Иако обете состојки се познати по својата ефикасност, кога се комбинираат, тие се совршено „оружје“ во борбата против тврдокорните дамки.

Содата бикарбона делува како благ абразив кој не ги оштетува површините, а во исто време ги неутрализира масните киселини. Од друга страна, лимонската киселина полесно чисти и отстранува нечистотија.

Постапка:
Додадете 1/4 чаша сода бикарбона во сад, потоа додадете 1 лажичка сок од лимон. Откако ќе ја направите смесата, нанесете ја на кујнските елементи со крпа со кружни, широки движења.

Оставете ја пет минути, а потоа користете топла, влажна крпа за да ги избришете елементите.

И уживајте во блескаво чисти елементи.

Текстот Како најбрзо да ги исчистите масните кујнски елементи? Потребни ви се две природни состојки е превземен од МАКФАКС.