Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.

Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

Предложените мерки вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.

Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази.

Текстот Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени по нападот врз малолетник во Маџари е превземен од МАКФАКС.