Џез групата Next to Silence ќе одржи самостојен концерт на 9 јули во Сули ан (20:30 часот). Концертот се одржува во рамки на фестивалот Скопско лето и на него ќе се изведе музика што составот неодамна ја сними.
Иако музиката се‘ уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да се запознае со карактерот на новите композиции на Next to Silence.
Next to Silence е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни формации. Оваа музичка група фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено интерактира со духовни и саркастични елементи. Албумите на Next to Silence се издадени за SJF Records на Скопскиот џез фестивал, и тие отелотворуваат разни звучни стории и го раскажуваат она што најубаво се говори без зборови. Иако името на бендот Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин, која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак нивната музика не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто измеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење…искуство што може да ве доведе до тишина…
Членови на Next to Silence се:
Кирил Кузманов – саксофон,
Ади Имери – гитара,
Филип Димишковски – клавијатури,
Драган Стојковски – бас гитара
Гоце Наумов – барабани
Текстот Концерт на џез групата Next to Silence во Сули ан е превземен од МАКФАКС.












