Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола.

-Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата. Со оган е зафатена борова шума-соопшти Ангелов.

Тој додаде дека во гаснењето ќе се вклучат и неколку доброволни противпожарни друштва кои ќе им пружат поддршка на штипските пожарникари.

Текстот Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип е превземен од МАКФАКС.