Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила.
„Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ е рефренот кој ја носи главната порака на песната: да бидеш своја, без компромиси и без извинување за тоа што си.
Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, а продукцијата е на Емин Џијан. Спотот е во режија на Мартин Трајановски и е снимен во TAKAT Studios, како дел од визуелниот концепт на албумот „Кукла жива“, првиот визуелен албум создаден во Македонија.
Со „Дива“, Тамара продолжува да го открива музичкиот свет на „Кукла жива“ – албум составен од 10 песни и 10 визуелни приказни, кои постепено ја водат публиката кон концертната промоција на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“.
– „Сакав „Дива“ да биде песна што ќе ја пуштиш гласно, ќе ја пееш и ќе се чувствуваш слободно. Да те потсети дека можеш да бидеш своја – без страв, без срам, без вина, посочува Тамара во својата лична изјава.
„Дива“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска, како и на сите музички платформи.
Текстот (Видео) Тамара Тодевска со нов летен сингл – „Дива“ е превземен од МАКФАКС.












