Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс почнува да добива свој облик, но двајцата не градат замок во Медисон Сквер Гарден, спротивно на некои извештаи.

Инсајдери за списанието „People“ велат дека иако иконското место во Њујорк изгледа „трансформирано“, славната двојка, за која се очекува наскоро да се венча, не гради замок внатре.

– Не е замок, но изгледа многу посебно. Имаат трева, теписи и крошни, и изгледа како место каде што би се венчале. Сцената е поставена, но сè е посебно – изјавил изворот за „People“.

Апсолутно не. Не се гради замок. Воопшто не – рекол тој.

Друг извор рекол дека Медисон Сквер Гарден изгледал „трансформиран“ откако персоналот работел цела ноќ за да подготви сè за претстојниот настан.

– Никогаш не сум го видел да изгледа толку различно – вели изворот.

Во понеделникот, пред Медисон Сквер Гарден беа забележани неколку камиони со работници кои внесуваа опрема, трева и други декорации во објектот. Дури беа забележани и неколку црни кутии со опрема.

На втората кутија, поголема и поширока од другите, беше напишано „Disco ball“. Потоа, во вторник, на 30 јуни, работници беа видени како го поставуваат црвениот тепих во Медисон Сквер Гарден, според видео објавено од Deuxmoi. Скалите што водат до јужниот влез беа покриени со црвен кадифен тепих додека персоналот продолжуваше да се подготвува за настанот. Тепихот подоцна беше отстранет, објави „Page Six“.

Порано во јуни, NYT објави дека пејачот на „Fate of Ophelia“ ја изнајмил арената за повеќедневниот настан, а претставник на Градскиот совет подоцна потврди за People дека е поднесено барање за дозвола преку градската канцеларија за улични активности за затворање на областа околу Медисон Сквер Гарден. Според медиумските извештаи, плановите на Келси и Свифт наводно вклучуваат мал собир од околу 100 луѓе на 2 јули, по што ќе следи поголема прослава со приближно 1.000 гости на 3 јули.

Иако многу детали за претстојната свадба на Свифт и Келси сè уште остануваат непознати, повеќе извори потврдија за „People“ дека кодексот за облекување за оваа забава во Њујорк е формален. Упатени лица, исто така, споделија дека ќе се придржуваат до строга политика без мобилни телефони.

– На гостите им било кажано дека по пристигнувањето ќе биде организирана проверка и отстранување на телефонот – сподели извор.

Според градските дозволи, се очекува на прославата да присуствуваат помеѓу 500 и 999 луѓе. Некои ѕвезди, вклучувајќи ги Џорџ Китл, Енди Рајд, Греам Нортон и Суки Вотерхаус, отворено потврдија дека ќе ги гледаат Свифт и Келси како одат по олтарот. Други познати личности што се очекува да присуствуваат се: Ед Ширан, Зои Кравиц, Џек Антоноф и Стиви Никс.

Фото: ЕПА

Текстот Сè е подготвено за свадбата на Тејлор Свифт: култно место во Њујорк трансформирано за нејзиниот ден е превземен од МАКФАКС.