Памела Андерсон го прослави својот 59-ти роденден на Француската ривиера, каде што го поминува летото во Сен Тропе, во целосно опуштена облека.

Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои шета и го истражува градот во бел фустан, со шал на главата и корпа во рака. Сепак, фотографиите во жолт едноделен костим за капење, кои веднаш потсетија на нејзините денови во серијата Baywatch, привлекоа најголемо внимание.

И овој пат се појави без шминка, што стана нејзин заштитен знак во последните години.

„Ви благодарам за сите прекрасни желби за роденден… Нека ви се остварат сите соништа денес. Со љубов, П“, им напиша таа на своите обожаватели.

Последните неколку години донесоа голем пресврт во нејзината кариера. „Pamela, A Love Story“ помогна во промената на јавната перцепција за неа, како и нејзината изведба во бродвејскиот мјузикл „Chicago“. Таа, исто така, доби дополнителни критички пофалби за нејзината улога во филмот „The Last Showgirl“.

Актерката вели дека сега ужива во новите предизвици што доаѓаат со нејзините постари години. „Мислам дека отсекогаш имало улоги за постари жени – само што никој не сакал да ги игра. Јас обожавам да ги играм“, изјави таа за „Ролинг Стоун“.

фото/Depositphotos

Текстот (Фото) Памела Андерсон го прослави 59-тиот роденден во Сен Тропе е превземен од МАКФАКС.