Џенифер Лопез сподели некои од своите мисли за раскинувањата и врските во специјално интервју кое предизвика доста возбуда.
Латино дивата Џенифер Лопез беше повеќе од искрена во продолжено интервју за емисијата „SubwayTakes“ на Карим Рахма и ги повика луѓето да го променат начинот на кој размислуваат за прекинување на врските.
Благодарение на филмот „Office Romance“, за Џенифер многу се зборува, особено поради нејзината потенцијална врска со колегата Брет Голдштајн.
Џеј Ло наводно сака да го слави секое раскинување, а потоа објасни зошто.
„Раскинувањата не се неуспеси. Искрено мислам дека тие се чекор кон вашата следна најдобра верзија од себе. Треба да правиме забава кога ќе раскинеме. Луѓето треба да бидат како: ‘Раскинавте? Честитки’. Затоа што, пред сè, донесовте одлука. Второ, тоа веројатно беше најдоброто нешто за сите“, рече Џенифер.
Пејачката потоа изјави дека лицето со кое се раскинува е обично „победникот“.
„Ако поминеш низ животот кршејќи срца, си губитник. Чувствувам дека моите најголеми периоди на раст – емоционално, ментално и психолошки – секогаш доаѓаат по скршено срце. И тоа не е само за романтични врски, туку и за разочарувања на работа и сè друго. Тоа е единствениот пат кога навистина се навлегуваш во себе. Велиш: ‘Што се случи, по ѓаволите? Како да го направам ова? Зошто продолжувам да го правам истото? Или зошто тоа не се случи? Што можев да направам подобро?’ Тогаш се менуваш себеси.“
Таа се осврна и на мажите во ова интервју, како и обично, а потоа откри какви типови ѝ се допаѓаат.
„Сакам слаби мажи. Сакам и малку стомаче. Сакам бради. Сакам и чисто избричени мажи. Не е важно. Ми се допаѓа личноста внатре“, рече таа со насмевка.
Џенифер беше во брак четири пати, од кои последниот беше со Бен Афлек.
Текстот (Видео) „Сакам мажи со и без бради, не е важно“ е превземен од МАКФАКС.












