Во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, од 2 до 4 јули (четврток, петок и сабота) во Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Меѓународен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“.
Фестивалот ќе се оддржи на Градски плоштад Кавадарци, со дефиле низ главната кавадаречка улица „Илинденска“ со сите учесници пред секоја фестивалска вечер. Дефилеата започнуваат во 19.30 часот, а концертите сите три фестивалски вечери започнуваат од 20 часот.
Годинава учесници се: “CECUC“ – Костарика; ФГ ,“Мишел Грион’’ – Италија; КУД ,“Доситеј Обрадовиќ’’ – Белград, Србија; Ансамбл “Вазраждане-1927“ – Бугарија; КУД “Илинден’’ – Битола; ФС ,“Блажевски’’ – Скопје; КУД “Мирче Ацев“ – Прилеп; КУД ,“Илинден’’ – Струга и секако домаќинот, најголемиот кавадаречки културен амбасадор Фолклорен ансамбл “Тиквеш“ со повеќе постави.
Фестивалот е подржан од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци и општествено одговорни фирми од Кавадарци и Македонија.
Текстот Од 2 до 4 јули ќе се одржи Меѓународниот фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“ е превземен од МАКФАКС.














