До 18 часот, регистрирани се 13 пожари на отворен простор од кои два се активни, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари:
Општина Охрид – с. Мешеишта, ниска вегетација;
Општина Велес – покрај магистралниот пат Велес–Штип, нискостеблеста шума, сува трева и грмушки.
Во текот на денот изгаснати се 11 пожари:
Општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева;
Општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре;
Општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација;
Општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре;
Општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре;
Општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре;
Општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде горела ниска вегетација;
Општина Прилеп – месност „Три багреми“, каде гореле ниска вегетација и ѓубре;
Општина Ресен – с. Стење, каде горела ниска вегетација;
Општина Љипково – с. Никуштак, каде горела ниска вегетација;
Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде гореле ниска вегетација и стрниште.
Текстот До 18 часот, регистрирани 13 пожари на отворено е превземен од МАКФАКС.

















