Како грешка во чекори го означи министерката за одбрана Радмила Шекеринска состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија.

-Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме најдобар пример во нашиот регион на ова тема и тоа го признаваат организации кои често пати се критични на темиве, истакна Шекеринска .