Драмскиот театар преку објава на социјалните мрежи се прости од истакнатиот македонски режисер и драматург Сашо Миленковски кој почина на возраст од 63 години.
„Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмски театар Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност.
Во текот на својата богата кариера режираше повеќе од педесет претстави во Македонија и во странство, афирмираше современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет беше еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и до сите што имаа чест да соработуваат со него. Слава му!“, се наведува во објавата на Драмскиот театар.
Деталите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени.
Текстот Драмски театар: Со својата исклучителна творечка визија Сашо Миленковски остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност е превземен од МАКФАКС.













