Србија повторно воведува задолжителна воена служба од март следната година, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфаќа мажите под 30 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ го објави овој потег, нагласувајќи дека регрутацијата ќе биде „многу кратка“.
Ова ќе ја врати Србија во системот што го напушти во 2011 година кога се префрли на целосно професионална армија.
Вучиќ ја објави одлуката во сабота на воениот аеродром Батајница во близина на Белград. Тој објасни дека треба да се завршат голем број административни и логистички процедури пред официјалниот почеток на регрутацијата.
Најавата се совпадна со голема презентација на воена опрема, во која беа вклучени авиони и хеликоптери на српските воздухопловни сили, ракетни системи и друго оружје од кинеско, американско и руско потекло.
Текстот (Видео) Вучиќ: Србија повторно го воведува задолжителниот воен рок е превземен од МАКФАКС.













