На теренот број 2, точно напледне, во вторник треба да почне натпреварот на кариерата за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, на вториот гренд-слем турнир годинава Вимблдон.

Во првиот настап на Македонец или Македонка во сингл на главниот турнир на некој гренд-слем воопшто, Ѓорческа ќе се сретне со фаворитката, Русинката со американски пасош Аманда Анисимова, финалистка од ланското женско финале во сингл на Вимблдон 2025, а годинава шеста носителка во женскиот дел од турнирот.

Кај мажите, ланскиот победник на Вимблдон и прв носител Јаник Синер од Италија утре (14.30 ч) игра против Србинот Миомир Кецмановиќ, а на истиот главен терен, по овој меч треба да играат и седмиот носител и седумкратен победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ против Кинезот Јибинг Ву.

Текстот Почнува главниот турнир на Вимблдон е превземен од МАКФАКС.