Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори  и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, предмет на разговорот била заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот.

Претседателот и соговорниците ја информирале Сиљановска-Давкова за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.

Таа укажала на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми.

За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност.

Текстот Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО за заштита на Охрид е превземен од МАКФАКС.