Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Украина изминатата ноќ ги нападнала руските рафинерии за нафта во Краснодарскиот и Јарославскиот регион.

„Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена – околу 300 километри од фронтовската линија. Исто така, стигнавме до рафинерија во Јарославската област, околу 700 километри од нашата граница“, објави Зеленски на платформата Икс.

Тој наведе дека Украина „продолжува со операциите што ја ослабуваат способноста на Русија да ја води оваа војна“.

Текстот Зеленски: Украинските сили погодија две руски рафинерии за нафта е превземен од МАКФАКС.