Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството.
Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши.
Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата.
Текстот Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани е превземен од МАКФАКС.
















