Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, локално ќе има услови и за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува.
Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 38 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува нестабилност со можност за дожд, грмежи и засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 35 степени.
Текстот Попладне дожд, грмежи и можен град, температури до 38 степени е превземен од МАКФАКС.

















